На ден 20.01.2025 г . Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ ја започна кандидатската студентска кампања под мотото „Инвестирај во себе си и своето образование“ за учебната 2025/2026 година, со организирање на прва информативна средба со идните студенти и нивните родители. На средбата присутните се запознаа со ажурирани информации за можностите за продолжување на образованието, условите за аплицирање, обука и реализација по завршувањето на средното образование. Втора информативна средба ќе биде организирана во февруари, затоа не чекајте, контактирајте не и следете не на социјалните мрежи.
+389 70 339 536