Здружение за „Македонско – Бугарско пријателство“ во партнерство со Фондација „Бугарска памет“ од  град Софија, Република Бугарија и „Екоцентар Алапитвани“ Република Унгарија, спроведува проект бр. 2020-2-BG01-KA205-079309 „Социјална екологија – модел за одржлив европски развој во 21 век“, кофинансиран во рамките на Еразмус+ програмата КД2.

Главната цел на проектот е, преку интердисциплинарен пристап, да се развие иновативна методологија за градење социо-еколошки и еко-претприемачки знаења и вештини, кои ќе бидат развиени и тестирани со 15 младински работници и 60 млади луѓе од трите земји. Преку имплементацијата на проектот, партнерите имаат за цел да формираат во целните групи знаења и вештини од социјалната екологија кои придонесуваат за справување со современите еко-предизвици, како што се климатските промени, исцрпувањето на клучните природни ресурси и губењето на биолошката разновидност.

Во таа насока, распишуваме конкурс за есеј на тема „Како да се биде дел од решението – што да направам за да ја заштитам природата во моето секојдневие?“

Како да учествувам?

Пријавувањето на конкурсот се врши со испраќање на формулар за апликација, како и изработка на есеј на дадената тема, кој треба да се испрати на e-mail: info@association-mbf.eu во наведениот рок.

Кој може да учествува?

Натпреварот е наменет за млади на возраст од 16 до 24 години од Р. Северна Македонија .

Кандидатите мора да имат познавање на англиски јазик.

Зошто?

Избраните учесници ќе имаат можност да учествуваат на 7-дневна мешана мобилност, која ќе се одржи во градот Софија во периодот од 15-21.07.2023 година. Работен јазик на комбинираната мобилност е англискиот.

До кога?

Ве молиме испратете формулар за апликација и есеј до 5 јули 2023 година, на адресата за е-пошта: info@association-mbf.eu.

* Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само личните ставови на нејзиниот автор и Комисијата не може да биде одговорна за употребата на информациите содржани во неа.