Одржана детска креативна работилница по повод претстојните божиќни и новогодишни празници

По повод претстојните божиќни и новогодишни празници, на 12 декември 2023 година, од едукативниот центар „Искра“ во салата на Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ се одржа детска креативна работилница.На работилницата децата дознаа за бугарскиот обичај на сурвака, кои се нејзините симболи, значење и како се прави сурваката.

На работилницата зборувавме и за важноста на Божиќните и Новогодишните честитки како дел од подготовките за празниците.Умешните раце на децата и нивната креативност создадоа прекрасни новогодишни честитки и традиционална сурвака од дренка украсена со волна, пуканки и паричка.

Детските творби ќе бидат изложени на божикната прослава што ќе ја организира Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.Сите едногласно одлучивме пред Божиќ, божиќните честитки изработени од децата да им бидат врачени во Домот на стари лица во Битола, како и со овој мал гест се надеваме дека ќе внесеме топлина и радост во срцата на овие луѓе.


ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КАНДИДАТ-СТУДЕНТИ

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КАНДИДАТ-СТУДЕНТИ!!!
Министерство на образование и наука на Република Бугарија организира информативна средба за промоција на високо образование во Републила Бугарија. Средбата ќе се одржи на 08.12.2023г. од 11-15ч во хотел ,,Милениум" на ул. Широк Сокак бр. 48.
Поканети се сите идни студенти и нивните родители, кои се заинтересирани да студираат во бугарските високообразовни институции. Тие ќе можат на лице место да се информираат за условите и начините за студирање во Република Бугарија, според уредба бр.103 и уредба бр.228.
ПОВЕЛЕТЕ!

Отворивме нова фитнес сала во државниот училишен дом „Мирка Гинова“ во градот Битола

На 4ти декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство" од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија.
Со проектот “Здраво тело,здрав дух,здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21-от век.
На свеченото отварање присуствуваше и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола, г-н Николај Димитров.
Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство" преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола.