На 4ти декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија.
Со проектот “Здраво тело,здрав дух,здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21-от век.
На свеченото отварање присуствуваше и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола, г-н Николај Димитров.
Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола.