По повод претстојните божиќни празници, Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” – Битола во соработка со Организација на жени од општина Битола, беше во посета на хосписот за стари лица “Сју Рајдер”.
На сите возрасни лица подаривме коледни картички и сурвачки изработени во творечката работилница од децата учесници во нея. Вештите раце на нашите членки на здружението и членките од организацијата на жени од општина Битола беа приготвиле вкусни домашни традиционални коледни јадења, со кои почастивме сите луѓе кои живеат во домот. Голема благодарност до вработените во хосписот кои прифатија оваа наша инициатива и нивните напори за се во Хосписот да функционира беспрекорно. Радоста и благодарноста во очите на возрасните луѓе е нашата нај голема среќа за големиот христијански празник, а и мотив наскоро повторно да ги посетиме.