На 20.09.2024 во просториите на Здружението за “Македонско- Бугарско пријателство“ Битола се одржа втората фаза на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“. На дводневниот образователен семинар имавме почесни гости, а во едно и лектори од Универзитетот за национално и световно стопанство-Софија, доц. д-р Стела Ангова и доц. Марија Николова. Тие ги запознаа учесниците во проектот со нивниот оддел,, Медиуми и јавни комуникации” кон университетот што го представуваат. Двете лекторки ги представија темите “Стереотипи и медиуми” и “ Медиумска и информациска писменост во ерата на вештачката интелегенција”. Со нивните нови знаења за тоа како можат стереотипите да влијаат врз луѓето и на медиуми, а исто така и како може лажните вести да се создадат преку различни апликации и преку употреба на вештачката интелегенција, учесниците го развија своето критично мислење и ги научија правилните алатки за детектирање на лажни вести и AI. Тие активно се вклучија во работилницата, на која преку апликацијата Kahoot! имаа задача да препознаат дали веста е лажна или има вклучена вештачка интелегенција (AI) во неа. Учесниците со најдобри резултати добија награди. На отворањето на проектот присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија во Битола г-н Николај Димитров.