Заменик-ректорот на Техничкиот универзитет - Варна доц. Павлина Наскова ја посети нашата канцеларија.
На 29.10.2024 година доц. Павлина Наскова, заменик-ректор на Техничкиот универзитет - Варна, ја посети канцеларијата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола. Претседателката на Здружението Маринела Петреска ја претстави целокупната активност на организацијата на доц. Павлина Наскова, а поконкретно со работата во областа на образованието. Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ организира годишни саеми за информирање на кандидат-студентите преку презентација на бугарските високообразовни институции и запознавање со процесот на аплицирање и организирањето на курсеви за подготовка за кандидатско-студентски испити.
Доц. Павлина Наскова ги презентираше студиските специјалитети што ги нуди ТУ-Варна, вклучително и магистерските и докторските програми. Таа изрази надеж за поблиска соработка меѓу Техничкиот универзитет – Варна и Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола, а го покани раководството на Здружението на посета за да подготви и потпише меморандум за идна соработка.
Се одржа креативна работилница под мотото „Игрите на нашето магично детство“.
Креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
На 27 октомври во 12:00 часот во градскиот парк (Битолско чупе) Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ - Битола ќе одржи креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
Ќе кажеме кои се традиционалните игри од детството на мама и баба, како помина нивното детство во ерата без интернет. Подготвивме десет забавни игри и многу изненадувања. Преку игрите ќе обрнеме внимание на односот на децата кон екологијата и формирањето на нивната еколошка култура.
Повелете, ве чекаме!
Конкурс за учество во проект бр.2024-1-BG01-KA151-YOU-000201546, на тема „Вештини за спречување на радикализација и говор на омраза“, кофинансиран од програмата Еразмус +, КА151
Проектот е наменет за млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години од две земји во Југоисточна Европа - Република Бугарија и Република Северна Македонија.Главна цел на проектот е да го промовира развојот на голем број вештини и компетенции кај младите учесници преку методите на неформално учење. Проектот ќе се реализира во текот на 5-дневниот период на младинска мобилност. На претстојниот настан ќе учествуваат 22 млади учесници од Бугарија и Република Северна Македонија.
Сите заинтересирани учесници треба да испратат порака на Фејсбук страницата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ или да го пријават своето учество на телефон +389 74 205 985.
Се одржа дисеминација на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“.
На 06 октомври 2024 г. во просториите на Здружението за "Македонско- Бугарско пријателство" се одржа дисеминација на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“. Учесниците во проектот имаа задача да ја разбудат нивната креативна страна и да направат едукативни банери со нивни пораки користејќи ги стекнатите знаења од предходните две активности по проектот. Заеднички заклучок од проектот е дека младите имат свое изразено критичко мислење, длесно не подпаѓаат на првични информации и бараат начин да ги проверат истите. Проектот дополнително ги разви нивните знаења за сето тоа да го прават на професионален начин и создаде во нив вештини за детектирање на лажната информација.