Проектот е наменет за млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години од две земји во Југоисточна Европа – Република Бугарија и Република Северна Македонија.Главна цел на проектот е да го промовира развојот на голем број вештини и компетенции кај младите учесници преку методите на неформално учење. Проектот ќе се реализира во текот на 5-дневниот период на младинска мобилност. На претстојниот настан ќе учествуваат 22 млади учесници од Бугарија и Република Северна Македонија.
Сите заинтересирани учесници треба да испратат порака на Фејсбук страницата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ или да го пријават своето учество на телефон +389 74 205 985.

❤️🇧🇬❤️🇪🇺❤️🇲🇰❤️