На 27 октомври во 12:00 часот во градскиот парк (Битолско чупе) Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ – Битола ќе одржи креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
Ќе кажеме кои се традиционалните игри од детството на мама и баба, како помина нивното детство во ерата без интернет. Подготвивме десет забавни игри и многу изненадувања. Преку игрите ќе обрнеме внимание на односот на децата кон екологијата и формирањето на нивната еколошка култура.

Повелете, ве чекаме!