На 27 октомври 2024 година, во градскиот парк Битолско Чупе во Битола, Неделниот центар „Искра“ на Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ одржа креативна работилница под мотото „Игрите на нашето магично детство“. Децата возбудено ги слушаа приказните на нивните мајки и баби за нивното детство и за тоа колку се разликувале од сега. Работилницата не врати во времето кога немаше таблети, паметни телефони и компјутерски игри кои децата ги користат денес. Сите деца уживаа играјќи ги игрите: криенка, скокање со ластик, народна топка, слепа баба, топло-ладно; скокање на јаже и други.
Во знак на пријателство, децата ги нацртаа рацете на уметничка хартија. На крајот од работилницата сите го исчистивме местото каде што создававме и игравме, како пример на децата да ја одржуваат природата чиста.
На настанот присуствуваше и генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола, г-дин Николај Димитров.
Заштитете ја природата и животната средина, излезете пред зграда, одете во парк и играјте со децата!