На 29.10.2024 година доц. Павлина Наскова, заменик-ректор на Техничкиот универзитет – Варна, ја посети канцеларијата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола. Претседателката на Здружението Маринела Петреска ја претстави  целокупната активност на организацијата на доц. Павлина Наскова, а поконкретно со работата во областа на образованието. Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ организира годишни саеми за информирање на кандидат-студентите преку презентација на бугарските високообразовни институции и запознавање со процесот на аплицирање и организирањето на курсеви за подготовка за кандидатско-студентски испити.
Доц. Павлина Наскова ги презентираше студиските специјалитети што ги нуди ТУ-Варна, вклучително и магистерските и докторските програми. Таа изрази надеж за поблиска соработка меѓу Техничкиот универзитет – Варна и Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола, а го покани раководството на Здружението на посета за да подготви и потпише меморандум за идна соработка.