По повод претстојните Божиќни и Новогодишни празници, на 12 декември 2024 година, во едукативниот центар „Искра“ во просториите на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ се одржа традиционална детска креативна работилница од страна на деца од основните училишта во Битола, Охрид и Струга.
Претседателката на здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ г-ѓа Маринела Петреска ги запозна со бугарскиот обичај на сурвака, кои се нејзините симболи и како се прави сурвака.
На работилницата зборувавме и за важноста на Божиќните и Новогодишните честитки како дел од подготовката за празниците Божиќни честитки и традиционална сурвака дренка, украсена со волна, пуканки и пари.
На креативната работилница присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, г-дин Николај Димитров. Г-н Димитров ја истакна важноста од ваквите иницијативи за зачувување на бугарската култура и традиции. Детските творби ќе бидат изложени на Божиќната прослава што ќе ја организира Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.
Сите едногласно одлучивме Божиќните честитки што ги изработија децата да му бидат доделени на Домот за стари лица во Битола и со овој мал гест се надеваме дека ќе внесеме топлина и радост во срцата на овие луѓе за претстојните празници.