Заменик-ректорот на Техничкиот универзитет - Варна доц. Павлина Наскова ја посети нашата канцеларија.

На 29.10.2024 година доц. Павлина Наскова, заменик-ректор на Техничкиот универзитет - Варна, ја посети канцеларијата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола. Претседателката на Здружението Маринела Петреска ја претстави  целокупната активност на организацијата на доц. Павлина Наскова, а поконкретно со работата во областа на образованието. Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ организира годишни саеми за информирање на кандидат-студентите преку презентација на бугарските високообразовни институции и запознавање со процесот на аплицирање и организирањето на курсеви за подготовка за кандидатско-студентски испити.
Доц. Павлина Наскова ги презентираше студиските специјалитети што ги нуди ТУ-Варна, вклучително и магистерските и докторските програми. Таа изрази надеж за поблиска соработка меѓу Техничкиот универзитет – Варна и Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ во Битола, а го покани раководството на Здружението на посета за да подготви и потпише меморандум за идна соработка.


Се одржа креативна работилница под мотото „Игрите на нашето магично детство“.

На 27 октомври 2024 година, во градскиот парк Битолско Чупе во Битола, Неделниот центар „Искра“ на Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ одржа креативна работилница под мотото „Игрите на нашето магично детство“. Децата возбудено ги слушаа приказните на нивните мајки и баби за нивното детство и за тоа колку се разликувале од сега. Работилницата не врати во времето кога немаше таблети, паметни телефони и компјутерски игри кои децата ги користат денес. Сите деца уживаа играјќи ги игрите: криенка, скокање со ластик, народна топка, слепа баба, топло-ладно; скокање на јаже и други.
Во знак на пријателство, децата ги нацртаа рацете на уметничка хартија. На крајот од работилницата сите го исчистивме местото каде што создававме и игравме, како пример на децата да ја одржуваат природата чиста.
На настанот присуствуваше и генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола, г-дин Николај Димитров.
Заштитете ја природата и животната средина, излезете пред зграда, одете во парк и играјте со децата!

Креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.

На 27 октомври во 12:00 часот во градскиот парк (Битолско чупе) Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ - Битола ќе одржи креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
Ќе кажеме кои се традиционалните игри од детството на мама и баба, како помина нивното детство во ерата без интернет. Подготвивме десет забавни игри и многу изненадувања. Преку игрите ќе обрнеме внимание на односот на децата кон екологијата и формирањето на нивната еколошка култура.

Повелете, ве чекаме!


Конкурс за учество во проект бр.2024-1-BG01-KA151-YOU-000201546, на тема „Вештини за спречување на радикализација и говор на омраза“, кофинансиран од програмата Еразмус +, КА151

Проектот е наменет за млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години од две земји во Југоисточна Европа - Република Бугарија и Република Северна Македонија.Главна цел на проектот е да го промовира развојот на голем број вештини и компетенции кај младите учесници преку методите на неформално учење. Проектот ќе се реализира во текот на 5-дневниот период на младинска мобилност. На претстојниот настан ќе учествуваат 22 млади учесници од Бугарија и Република Северна Македонија.
Сите заинтересирани учесници треба да испратат порака на Фејсбук страницата на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ или да го пријават своето учество на телефон +389 74 205 985.

❤️🇧🇬❤️🇪🇺❤️🇲🇰❤️


Се одржа дисеминација на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“.

На 06 октомври 2024 г. во просториите на Здружението за "Македонско- Бугарско пријателство" се одржа дисеминација на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“. Учесниците во проектот имаа задача да ја разбудат нивната креативна страна и да направат едукативни банери со нивни пораки користејќи ги стекнатите знаења од предходните две активности по проектот. Заеднички заклучок од проектот е дека младите имат свое изразено критичко мислење, длесно не подпаѓаат на првични информации и бараат начин да ги проверат истите. Проектот дополнително ги разви нивните знаења за сето тоа да го прават на професионален начин и создаде во нив вештини за детектирање на лажната информација.


Се одржа втората фаза на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“.

На 20.09.2024 во просториите на Здружението за “Македонско- Бугарско пријателство“ Битола се одржа втората фаза на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“. На дводневниот образователен семинар имавме почесни гости, а во едно и лектори од Универзитетот за национално и световно стопанство-Софија, доц. д-р Стела Ангова и доц. Марија Николова. Тие ги запознаа учесниците во проектот со нивниот оддел,, Медиуми и јавни комуникации" кон университетот што го представуваат. Двете лекторки ги представија темите “Стереотипи и медиуми” и “ Медиумска и информациска писменост во ерата на вештачката интелегенција”. Со нивните нови знаења за тоа како можат стереотипите да влијаат врз луѓето и на медиуми, а исто така и како може лажните вести да се создадат преку различни апликации и преку употреба на вештачката интелегенција, учесниците го развија своето критично мислење и ги научија правилните алатки за детектирање на лажни вести и AI. Тие активно се вклучија во работилницата, на која преку апликацијата Kahoot! имаа задача да препознаат дали веста е лажна или има вклучена вештачка интелегенција (AI) во неа. Учесниците со најдобри резултати добија награди. На отворањето на проектот присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија во Битола г-н Николај Димитров.


Стартиравме првата фаза на проектот ,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“

На 10.07.2024 во просториите на Здружението за “Македонско- Бугарско пријателство“ стартиравме првата фаза на проектот
,, Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“. Во дводневниот образователен семинар се вклучија 16 млади луѓе од Битола. Семинарот започна со ice-breaking сесија во која учесниците одговараја на прашања поврзани со нивната секојдневна социјална активност. Учесниците во проектот преку презентација на тема “Европската Унија и лажните вести “ се здобија со дополнителни вештини и компетенции. Со нивните нови знаења, учесниците активно се вклучија во работилницата и преку неа научија колку е лесно да се создаде лажна вест и како таја рефлектира на општеството.
Преку дводневниот семинар младите научија алатки и методи за детектирање на лажните весри и развија своето критично мислење.

Конкурс за учество во проектот Повишување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести на младите, со развивање на нивното критичко размислување“

Почитувани,
Пријавете се и бидете дел од нашиот проект “ Зголемување на медиумската писменост и нетолеранција кон лажните вести кај младите, со развивање на нивното критичко размислување”.
Ве очекуваме во просториите на нашето здружение на 11 јули во 10 часот.

Посета на хосписот за стари лица "Сју Рајдер " по повод божиќните празници

По повод претстојните божиќни празници, Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство" - Битола во соработка со Организација на жени од општина Битола, беше во посета на хосписот за стари лица “Сју Рајдер”.
На сите возрасни лица подаривме коледни картички и сурвачки изработени во творечката работилница од децата учесници во нея. Вештите раце на нашите членки на здружението и членките од организацијата на жени од општина Битола беа приготвиле вкусни домашни традиционални коледни јадења, со кои почастивме сите луѓе кои живеат во домот. Голема благодарност до вработените во хосписот кои прифатија оваа наша инициатива и нивните напори за се во Хосписот да функционира беспрекорно. Радоста и благодарноста во очите на возрасните луѓе е нашата нај голема среќа за големиот христијански празник, а и мотив наскоро повторно да ги посетиме.

Одржана детска креативна работилница по повод претстојните божиќни и новогодишни празници

По повод претстојните божиќни и новогодишни празници, на 12 декември 2023 година, од едукативниот центар „Искра“ во салата на Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ се одржа детска креативна работилница.На работилницата децата дознаа за бугарскиот обичај на сурвака, кои се нејзините симболи, значење и како се прави сурваката.

На работилницата зборувавме и за важноста на Божиќните и Новогодишните честитки како дел од подготовките за празниците.Умешните раце на децата и нивната креативност создадоа прекрасни новогодишни честитки и традиционална сурвака од дренка украсена со волна, пуканки и паричка.

Детските творби ќе бидат изложени на божикната прослава што ќе ја организира Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.Сите едногласно одлучивме пред Божиќ, божиќните честитки изработени од децата да им бидат врачени во Домот на стари лица во Битола, како и со овој мал гест се надеваме дека ќе внесеме топлина и радост во срцата на овие луѓе.