ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КАНДИДАТ-СТУДЕНТИ

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КАНДИДАТ-СТУДЕНТИ!!!
Министерство на образование и наука на Република Бугарија организира информативна средба за промоција на високо образование во Републила Бугарија. Средбата ќе се одржи на 08.12.2023г. од 11-15ч во хотел ,,Милениум" на ул. Широк Сокак бр. 48.
Поканети се сите идни студенти и нивните родители, кои се заинтересирани да студираат во бугарските високообразовни институции. Тие ќе можат на лице место да се информираат за условите и начините за студирање во Република Бугарија, според уредба бр.103 и уредба бр.228.
ПОВЕЛЕТЕ!

Отворивме нова фитнес сала во државниот училишен дом „Мирка Гинова“ во градот Битола

На 4ти декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство" од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија.
Со проектот “Здраво тело,здрав дух,здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21-от век.
На свеченото отварање присуствуваше и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола, г-н Николај Димитров.
Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство" преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола.

Успешно ја завршивме младинската размена на тема: „Европски вредности за повеќе Европа и поврзување со Западен Балкан и Источно партнерство“

На 23.11.10 успешно ја завршивме младинската размена на тема: „Европски вредности за повеќе Европа и поврзување со Западен Балкан и Источно партнерство“ во рамките на проектот бр. 2023-1-BG01-KA151-YOU -000122741, кофинансиран во рамките на програмата „Еразмус +“, Сектор „Млади“, Клучна активност 1. Иницијативата ја спроведува Фондацијата Бугарска меморија во партнерство со „Здружение за македонско-бугарско пријателство“ град Битола, Република Северна Македонија и „Заедница на Бугарите во АТО Гагаузија“, град Комрат, Република Молдавија.
Во текот на изминатите неколку дена, младите кои ги претставуваат трите земји развија низа вештини, вклучително иницијатива, тимска работа, социјални и граѓански компетенции. Кај нив беше поттикнат позитивен став кон европскиот проект и свесност за моќта на споделените европски вредности.
Секој од учесниците доби сертификат за учество,кои можат да послужат како референца во нивното последователно образовно и стручно остварување.