Креативна работилница за изработка на новогодишни честитки и сурвачки












Креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
На 27 октомври во 12:00 часот во градскиот парк (Битолско чупе) Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ - Битола ќе одржи креативна работилница под мотото „Игри на нашето магично детство“.
Ќе кажеме кои се традиционалните игри од детството на мама и баба, како помина нивното детство во ерата без интернет. Подготвивме десет забавни игри и многу изненадувања. Преку игрите ќе обрнеме внимание на односот на децата кон екологијата и формирањето на нивната еколошка култура.
Повелете, ве чекаме!
Посета на хосписот за стари лица "Сју Рајдер " по повод божиќните празници
Одржана детска креативна работилница по повод претстојните божиќни и новогодишни празници
По повод претстојните божиќни и новогодишни празници, на 12 декември 2023 година, од едукативниот центар „Искра“ во салата на Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ се одржа детска креативна работилница.На работилницата децата дознаа за бугарскиот обичај на сурвака, кои се нејзините симболи, значење и како се прави сурваката.
На работилницата зборувавме и за важноста на Божиќните и Новогодишните честитки како дел од подготовките за празниците.Умешните раце на децата и нивната креативност создадоа прекрасни новогодишни честитки и традиционална сурвака од дренка украсена со волна, пуканки и паричка.
Детските творби ќе бидат изложени на божикната прослава што ќе ја организира Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.Сите едногласно одлучивме пред Божиќ, божиќните честитки изработени од децата да им бидат врачени во Домот на стари лица во Битола, како и со овој мал гест се надеваме дека ќе внесеме топлина и радост во срцата на овие луѓе.
Успешно ја завршивме младинската размена на тема: „Европски вредности за повеќе Европа и поврзување со Западен Балкан и Источно партнерство“
На 23.11.10 успешно ја завршивме младинската размена на тема: „Европски вредности за повеќе Европа и поврзување со Западен Балкан и Источно партнерство“ во рамките на проектот бр. 2023-1-BG01-KA151-YOU -000122741, кофинансиран во рамките на програмата „Еразмус +“, Сектор „Млади“, Клучна активност 1. Иницијативата ја спроведува Фондацијата Бугарска меморија во партнерство со „Здружение за македонско-бугарско пријателство“ град Битола, Република Северна Македонија и „Заедница на Бугарите во АТО Гагаузија“, град Комрат, Република Молдавија.
Во текот на изминатите неколку дена, младите кои ги претставуваат трите земји развија низа вештини, вклучително иницијатива, тимска работа, социјални и граѓански компетенции. Кај нив беше поттикнат позитивен став кон европскиот проект и свесност за моќта на споделените европски вредности.
Секој од учесниците доби сертификат за учество,кои можат да послужат како референца во нивното последователно образовно и стручно остварување.