Во периодот од 21-25.10.2024 година, Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“, град Битола, Р.Северна Македонија заедно со Фондацијата Бугарска Памет го реализираа проектот № 2024-1-BG01-KA151-YOU-000201546, кофинансиран во рамките на програмата „Еразмус+“, клучна активност 1. Учесници на настанот беа 20 млади луѓе од Република Северна Македонија и Република Бугарија.
На почетокот на настанот секој од младите имаше можност да каже по неколку збора за себе и за работите кои го интересираат пред другите. Беа создадени и групни правила за учесниците да се придржуваат за време на спроведувањето на настанот.
За време на сесијата „Еразмус+ – менува животи, ја отвора свеста“, Живко Костуров од тимот на Фондацијата Бугарска Памет ги објасни можностите што програмата им ги нуди на младите. Тој ги запозна со главната цел на програмата, имено преку доживотното учење за поддршка на образованието, професионалниот и личниот развој на луѓето во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Европа и пошироко, а со тоа да придонесе за одржлив раст, квалитетни работни места и социјалната кохезија, да се промовираат иновациите, како и да се зајакне европскиот идентитет и активното граѓанство.
Младите имаа можност да работат во тим на прашања поврзани со невработеноста кај младите, социјалната изолација и недостатокот на мотивација за доживотно учење и развој. Заедно разговараа за проблемите и предложија решенија за нивно справување.
За време на обуката, секој од тимовите имаше задача да подготви социјална кампања против говорот на омраза. Целта на активноста беше да се поттикнат учесниците да користат креативни пристапи и медиумски алатки за да креираат социјални кампањи кои промовираат почит и инклузија и да се спротивстават на говорот на омраза. Сето ова им помогна на младите да развијат креативни вештини и да создадат свои иницијативи кои промовираат почит, толеранција и вклученост во општеството.
❤️🇧🇬❤️🇲🇰❤️